Xiaomi ќе го претстави новиот Poco телефон за глобалните пазари до крајот на овој месец. Првите две карактеристики на телефонот кои се навестени се AMOLED дисплеј и поддршката за освежување на екранот од 120Hz.

На Twitter беа објавени неколку најави за новиот телефон, но некои најави се избришени, за да остане токму оваа која укажува на тоа дека Poco планира објава на смартфон со висока стапка на освежување на дисплејот.

Покрај тоа, гласините сугерираат уште некои спецификации на уредот, меѓу кои се и Snapdragon 765G 5G чип, поддршка за 33W брзо полнење и 64MP главна камера. Повеќе тизери би можеле да бидат објавени во следните денови.