Во протечениот документ за сертификација се појавија информации за Realme 7 Pro телефонот. Документот открива дека теелфонот ќе има 4500mAh батерија, со поддршка за Realme 65W SuperDart полнење.
Гледајќи ги претходните модели, ова би можел да биде смартфон со најбрза опција за полнење во сегментот околу 270 долари.
Претходно се појави телефон со бројот на модел RMX2170, за кој се веруваше дека е Realme X3 Pro. Истиот скриншот сега се појави и за Realme 7 Pro, што внесе дополнителна забуна.
Се знае дека Realme 7 Pro, 7i и C17 ќе имаат LTE поддршка и нема да користат чипови со 5G поддршка. Тоа значи дека RMX2170 ознаката на моделот би можела да биде за Realme 7 Pro, со оглед на тоа дека Realme X3 Pro ќе има 5G поддршка.
Поврзани артикли