Скот Варинг, човекот кој што години наназад на Јутјуб каналот се обидува на човештвото да му даде доказ дека на планетава не сме сами, тврди дека конечно ја пронашол вистинската работа.

Самопрогласениот експерт за НЛО, тврди дека открил влез во пет различни подземни бази во Јужна Каролина.

Варинг верува дека наводните бази имаат тајни премини кои што водат до морето.

Користејќи „Google Earth“, Варинг открил пет владбанити во овален облик кои што на прв поглед делувале совршено урамнотежени.

Гледајќи ги снимките повторно, тој дошол до заклучок дека таму се кријат подземни вознемјански бази:

„Пет острови под совршен агол од 45 степени. Таму е средишниот овал кој што е најголем, а потоа кон краевите се помалите. Тие се поставени паралелно еден со друг. Сето тоа би требало статистички да е невозможно, но еве… Можно е“– напишал Варинг.

Научниците веќе излегле со теории дека тоа се мочурливи предели познати како Заливи Каролина.

Станува збор за т.н. елиптични вдлабнатини кои што се исполнети со плитки подземни води.

Такви места нема само во Јужна Каролина туку и во Џорџија и во Атлантскиот океан.

Геолозите се збунети со ова откритие, додека пак има и онакви кои шо овие ‘бази’ мислат дека се последица на удар од комета во дамнешни времиња.

Извор: Objektiv.rs