Многу од луѓето по прележување на омикрон сојот пријавуваат еден проблем.

Омикрон сојот се пренесува најбрзо од сите досегашни соеви, па многу од државите ширум светот рушат врвни рекорди во бројките на новозаразени.

Симптомите на инфекцијата со овој сој, главно потсетуваат на симптомите на класичен грип и за среќа клиничките слики главно се полесни, а има и многу асимптоматски случаи.

Токму тие луѓе кои немале или имале благи симптоми не ни знаеле дека прележале омикрон сој, доколку еден симптом кој најчесто се појавува по прележување на инфекцијата не се појавил, а тоа е опаѓање на косата.

Имено, студијата „Хакенсан“ од Универзитетот во медицинскиот центар во Њу Џерси покажала дека токму тој проблем најчесто се појавува како последица на прележан омикрон сој, а зголеменото опаѓање на косата се појавува главно меѓу неколку седмици и три месеци по прележување на болеста.

„Поминав шест дена во болница поради коронавирусот, а неколку седмици потоа отидов дома, а косата почна да ми опаѓа во прамени. Беше ужасно“, вели Паула Дијаз, една од пациентките која се соочила со тој проблем. Британскиот институт за трихологија вели дека постојат и некои глобални истражувања кои се занимаваат со врската меѓу Ковид-19 и опаѓањето на косата.

„На пример во тие истражувања од училиштата за медицина при Универзитетот во Индијана се потврдило дека речиси третина од 1.500 учесници пријавиле опаѓање на коса како еден од долгорочните симптоми на Ковид-19“, велат од Институтот за трихологија.

Експертите велат дека постојат две главни причини зошто косата опаѓа по прележан Ковид. Првата причина е кога реакцијата на телото на вирусот ќе стане преактивна и ќе предизвика воспаление, иако личноста би требало веќе да закрепне од коронавирусот.

Втората причина е стресот затоа што е познато дека Ковид-19 предизвикува стрес, но и дека тој се поврзува со опаѓањето на косата.