Tesla планира да се прилагоди на европскиот пазар и согласно тоа ќе прави помал Cybertruck

Cybertruck, револуционерниот футуристички камионет од не’рѓосувачки челик на Tesla, беше претставен минатата година и најверојатно на пазарот ќе стигне за две години.

Овој електричен автомобил првенствено е наменет за американскиот пазар, каде камионетите со децении се владетели на пазарот, а во Tesla се свесни дека можеби малку претерале кога станува збор за димензиите на Cybertruck.

Иако е со импресивни патни карактеристики, првиот презентиран прототип не се вклопува во секоја гаража. Веројатно затоа во едно интервју, Илон Маск најави дека конечниот производствен модел треба да биде околу 5% помал од оној што е прикажан пред јавноста.

Како и да е, дури и толку помал Cybertruck не би бил погоден за возење по европските патишта, па затоа ќе треба дополнително да се намали за Стариот континент.