Клучниот партнер на Apple, кинеската компанија Foxconn, почна итно да регрутира работници за да го обезбеди хардверот за новиот iPhone 12 модел, објави популарниот сајт MacRumors.
Четирите нови модели на овој паметен телефон се очекува да пристигнат кон крајот на октомври, наместо вообичаениот период, во септември. Причината е 5G чипот, чие производство беше одложено поради пандемијата на Ковид-19.
Но, очигледно постои опасност од одложување од останатите компоненти. Затоа Foxconn најави бонус до 1.300 американски долари за секој вработен што ќе донесе квалификуван работник.
Се очекуваат четири нови модели на iPhone – 5,4 и 6,1-инчен iPhone 12 и iPhone 12 Max, како и 6,1 и 6,7-инчен iPhone 12 Pro и iPhone 12 Pro Max.
Се очекуваат уште пет нови производи – веројатно Apple Watch Series 6, нови безжични AirPods слушалки, како и надграден Apple TV.
Поврзани артикли