Главниот американски епидемиолог, доктор Ентони Фаучи смета дека вакцината против коронавирусот нема да биде целосно ефикасна.
Како што пренесува Sky News, Фаучи на онлајн семинарот на Универзитетот Браун истакна дека шансите вакцината против коронавирусот да биде целосно ефикасна не се многу големи.
„Не знаеме колку ќе биде ефикасна, дали тоа ќе биде 50% или 60%. Би сакал ефикасноста на вакцината да биде 75% или повеќе“, изјави американскиот епидемиолог Фаучи.
Тој истакна дека концептот на јавното здравство никогаш не смее да биде напуштен затоа што е невозможно да се развие вакцина која е ефикасна до 98%.