Директорот на Националниот истражувачки центар за микробиологија и епидемиологија „Гамалеј“, Александар Гинцбург, објаснил како треба да постапите за примената вакцина против Ковид-19 да делува поефикасно.

Научникот советува вакцинираните лица да избегнуваат интензивни физички активности 2 дена по вакцинацијата, за да се формира најдобар имунолошки одговор на вакцината

„Човек едноставно нема доволно глукоза за да обезбеди рамномерно функционирање на 2 процеси“, изјавил Гинцбург во интервју за весникот „Rossiyskaya Gazeta“.

Вториот важен услов за ефикасно создавање на имунолошки одговор е разновидна исхрана по вакцинацијата. Експертот објаснил дека создавањето на антитела е процес кој троши енергија и бара синтеза на протеини, а долготрајното вежбање ја отежнува ваквата синтеза.

Покрај тоа, Гинцбург ги советува вакцинираните да се воздржат од штетните навики, како што е алкохолот, бидејќи тие делумно го намалуваат ефектот на вакцинацијата.

Русија ја регистрираше првата вакцина на светот против Ковид-19, Спутник V, на 11 август 2020 година. Угледното научно списание „The Lancet“ соопшти дека Спутник V е сигурна и ефикасна вакцина која овозможува потполна заштита од тешки случаи на болеста.

По повеќемесечните истражувања на руските имунолози во кои учествувале 19.866 доброволци, завршена е третата фаза од клиничките испитувања која ја потврди ефикасноста на вакцината од 91,6 отсто.