Од 2021 година, моделите Superb, Kodiaq, Karoq, Scala и Kamiq ќе бидат опремени со USB-C приклучок над внатрешниот ретровизор
Снимањето на сообраќајот пред возилото станува се по интересно, а во одредени случаи корисно. Во многу европски земји, оваа активност е придружена со бројни ограничувања, а едиснтвено во Русија можете да снимате без никакви ограничувања. Без оглед на тоа, Škoda ќе им ја олесни работата на сите „сниматели“.
Од 2021 година, Superb, Kodiaq, Karoq, Scala и Kamiq ќе бидат опремени со USB-C приклучок над ретровизорот што ќе овозможи поврзување на камерата, односно ќе ја елиминира потребата за долги кабли во внатрешноста на возилото.
Некои од државите каде што можете да снимата скоро без ограничувања се Канада и САД. Во Канада, патиштата се сметаат за јавна површина, а во Америка, снимањето е овозможено со првиот амандман.