Google претстави нова функција за Chrome за Android, која на корисниците им овозможува верификација на транскции со кредитни картички со помош на биометриски информации.
Покрај тоа, веб прегледникот на мобилните уреди добива подобрувања за изворниот password manager, кој ќе ги олесни логирањето на сајтови со новата touch-to-fill функција.
Chrome за Android ќе овозможи користење на биометриска верификација на телефонот за извршување на купувањата, а повеќе нема да биде потребно внесување на CVC податоци, доколку корисникот сам не се одлучи за овој метод.
Новата touch-to-fill функција ќе ги прикажува сочуваните профили за актуелниот сајт, преку стандардниот дијалог на Android. Оваа функција Chrome за Android ќе им пристигне на корисниците во следните недели.
Поврзани артикли