Технолошкиот могул Елон Маск предупреди дека вештачката интелигенција би можела да ги „надвладее“ луѓето за помалку од пет години.

Ова предвидување претставува значајна ревизија на претходните проценки на таканаречениот „технолошки сингуларитет“, односно моментот кога вештачката интелигенција ја надминува човечката и започнува да се развива со несфатлива брзина.

Според бројни експерти, проценето е дека ова нема да се случи пред 2045-та година, но сопственикот на Tesla не се согласува со ова.

„Мислам дека многу паметни луѓе ја занемаруваат вештачката интелигенција, затоа што мислат дека компјутерот никогаш нема да биде паметен како нив. Ова, секако е лажна претпоставка предизвикана од суета“, изјави Маск за „Њујорк Тајмс“.

„Се движиме кон ситуација во која вештачката интелигенција ќе биде значително попаметна од луѓето и мислам дека тоа ќе се случи за помалку од пет години. Тоа не значи дека за пет години сè ќе отиде „по ѓаволите“, туку дека сè ќе ни изгледа чудно и нестабилно“, изјави Маск.

Извор: B92.net