Луѓето ќе живеат 130 години, а ќе имаат тело и мозок свежи како во детството, тврдат генетичарите

Генетската терапија би можела да биде клуч за подолг живот, и тоа не само во помладо тело, туку и со подмладен ум.

Научниците од Харвард почнаа прелиминарни експерименти на блоговите и тврдат дека можат да ги направат животните помлади додавајќи нови DNK упатства во нивните ќелии.

Тие веруваат дека овој процес ќе биде применлив и на луѓето, пренесуваат научните списанија.

Генетичарите ги засноваат своите истражувања на поранешните дела, кои покажаа дека “вградувањето” на гени на едноставните организми како црви и муви може да го удвои траењето на нивниот живот.

Некои постари истражувања покажуваат дека давањето трансфузија на крв од помладите глувци на постарите глодари може да врати некои биомаркери на помлад степен.

“Веќе спроведовме бројни тестови на глувците, сега вршиме некои на кучиња, а потоа почнуваме со луѓето”, потврдува познатиот генетичар Џорџ Чрч.

Тој најавува дека и самиот ќе се јави за тестирањата ако бидат безбедни.

Научниците порачуваат дека целта на тестовите е човекот на иднината да “има тело и ум на дваесетгодишник, а исксутво на човек стар 130 години”.