Популарниот стриминг видео сервис Netflix го претстави Mobile+ планот за оние претплатници кои сакаат стриминг во HD квалитет, но користат Netflix само на мобилен телефон, таблет или компјутер (не и на ТВ).
Цената на овој месечен пакет е околу 4,1 евро. Тестирањето на новиот претплатнички пакет доаѓа неколку месеци откако Нетфликс во Индија го претстави планот само за мобилни уреди, чија цена е 2,3 евра.
Овој пакет, како што кажува самото име, им овозможува на корисниците да пристапат на Нетфликс само преку мобилен телефон, а квалитетот на стримингот се спушта на 480p.
Сè уште нема назнака дека сличен пакет ќе дојде и во Македонија, но тоа можеби и не би било лошо решение, со оглед дека многу корисници користат Netflix воглавно налап топ и мобилен телефон.
Извор: B92.net