Intel во текот на состанокот со акционерите објави лоши вести, истакнувајќи дека плановите на компанијата за развој на 7 нанометарски чипови се одложени за уште шест месеци, и дека залихите сега заостануваат една година зад оригиналните проекции. Дотогаш, компанијата и натаму ќе се потпира на своите 10nm процесори.

Во својата документација, Intel истакнува дека во текот на оваа година продложува да се префрла на 10nm производи, со засилено производство и силна потрошувачка, која ќе доведе до проширување на линијата. Ова го вклучува растечкото портфолио на 10nm Intel Core процесори, каде што Tiger Lake ќе биде објавен наскоро, како и Ice Lake за сервери кој се очекува до крајот на годината.

Во текот на втората половина од 2021. година, Intel очекува да ја испорача новата линија клиентски процесори (со кодно име Alder Lake), која ќе го вклучува првиот 10m десктоп CPU и новиот 10nm серверски процесор со кодно име Sapphire Rapids. Плановите на Intel за објава на 7nm процесори се одложуваат за приближно шест месеци во однос на претходните очекувања.