Samsung Galaxy Note20 серијата телефони ќе биде претставена на 5. август, а во меѓувреме се појавија цените за пазарот на Јужна Кореја. Според извештајот, Note20 линијата би можела да има слични цени како моделите од Galaxy Note10 серијата во моментот на нивната објава.
Извештајот на јужнокорејската агенција за вести Јонхап, која ги цитира индустриските извори, истакнува дека Samsung би можел да го објави Galaxy Note20 во Јужна Кореја по цена од околу 998 долари. Покрај тоа, Galaxy Note20 Ultra би можел да чини околу 1200 долари.
Гласините укажуваат на тоа дека Samsung би можел да ја намали цената на Galaxy Note20 серијата, за да се опорави од падот на продажбата кој е презвикан од пандемијата на коронавирусот.
Споменатите премиум смартфони би можеле да имаат нешто повисока цена на глобален план, но тоа ќе зависи од бизнис стратегијата на Samsung.