Продажбата на видеоигри во јуни е зголемена за 26 отсто што покажува дека оваа индустрија продолжува да руши рекорди во текот на пандемијата со коронавирусот.

Како што наведува аналитичката компанија NPD group, најпродаваната игра е видеоиграта на Sony – The Last of Us Part II.

Додека повеќе индустрии ширум светот се во длабока криза поради пандемијата, оваа индустрија ги бележи најдобрите резултати. Освен видеоигри се продаваат и софтвер, хардвер, додатоци за игри и претплати за онлајн сервиси.

Се проценува дека индустријата за видеоигри оваа година ќе забележи приход од околу 160 милијарди долари.

Играњето видеоигри за време на пандемијата се покажа како одлична забава. Дури и од СЗО изјавија дека видеоигрите се препорачан третман во изолација.

Извор: Klix.ba