Оперативниот систем Windows 10X најверојатно ќе биде претставен следната година. Овој оперативен систем се разликува од претходните по тоа што е прилагоден на уредите кои имаат два екрана.
Претходно постоеја наводи дека новиот оперативен систем на Microsoft ќе биде претставен годинава, но изгледно е дека тоа нема да се случи, објави порталот The Verge. Windows 10X е наменет за едукација и бизнис и најверојатно ќе биде објавен во пролетта 2021. година.
Ако оваа одлука на Microsoft е точна, тогаш навистина станува збор за значајна одлука. Како причина за пролонгирањето на претставувањето американската компанија го наведува коронавирусот.
„Светот битно се разликува од оној во октомври минатата година, кога ја поделивме нашата визија за уредот со два екрана“, порача Панос Панај, кој работеше на развојот на Windows 10X.
The Verge потсетува дека Microsoft во иднина често ги доработувал своите производи, за да бидат што поупотребливи на уредите од новата генерација.