По неодамнешната објава на C11 телефонот, Realme се подготвува да претстави уште еден модел од C серијата. Realme C15 ќе биде објавен на 28. јули, а тизер фотографијата открива делче од она што може да го очекуваме од смартфонот.

Realme C15 ќе има 6000mAh батерија со поддршка за 18W полнење, сензор за отпечатоци од прсти на задната страна, како и четири камери. Ќе постојат две опции на бои (сина и сребрена/бела).

Кога е во прашање екранот, видлив е засек во облик на капка и исклучително мала долна рамка, барем кога се во прашање достапните телефони.

Гласините од претходно сугерираат дека Realme C15 ќе го покренува MediaTek чипсет, како и дека ќе има 4GB RAM. Телефонот ќе дебитира во Индонезија, како и на уште неколку пазари во Азија.