Кинеската апликација TikTok со месеци беше најпреземана апликација за iPhone, оваа апликација предизвика позитивни рекации особено кај помладата публика која се забавуваше преку неа од почетокот на пандемијата со коронавирус, кога и го забележа својот зенит во однос на другите социјални мрежи.
Но, денеска таа повеќе не е на врвот откако апликацијата Zoom ја зазеде првата позиција во категоријата „Најпопуларна апликација“, открива аналитичката компанија „Sensor Tower“.
Досега, апликацијата Zoom била преземена 94 милиони пати, додека TikTok има повеќе од 70 милиони преземања.
Доколку преземањата од обете продавници – „App Store“ и „Google Play Store“ – се спојат, тогаш ќе забележиме дека апликациите Зум, Тик-Tок и видеоиграта „Pokemon GO“ припаѓаат на елитниот клуб на апликации што надмина повеќе од 300 милиони преземања од корисници ширум светот.
Поврзани артикли