Во просек, повеќето возачи забрзуваат до 194 km/h пред да сфатат дека тоа е премногу за нив

На некои делови од автопатите во Германија нема ограничувања на брзината, па затоа има голема јавна дебата дали тоа треба да остане така. На илјада испитаници, порталот за продажба на користени автомобили Autoscout24 се обидел да открие какви се навиките на германските возачи на делови од автопатите каде нема ограничувања, а заклучоците се следни:

  • Во просек, повеќето возачи забрзуваат до 194 km/h пред да сфатат дека е премногу за нив, односно дека не можат да ја одржуваат таа брзина.
  • Секое трето лице возело побрзо од 220 km/h.
  • Петнаесет проценти од возачите возеле 240 km-h и повеќе. Почесто станува збор за мажи, еден од четворица мажи признале дека возeле побрзо од 240 km/h.

Овие се секако големи бројки, а уште поинтересно според анализата е тоа што процентот на оние кои возат 130 km/h или помалку е само пет проценти.