Нарачките на претстојната конзола PlayStation 5 би требало да бидат ограничени на една конзола по корисник, што значи дека едно лице нема да може да купи повеќе уреди, наведува извор од официјалната PS малопродажна трговија.
Доколку и самите се упатите на оваа веб-страница, можете во вашиот прегледник да кликнете на „View source page“, да побарате PS5 и ќе ја видите следната порака:
„Можете да купите само една верзија на PS5 конзолата – Disk или Digital. Веќе сте додале една PS5 конзола во својата кошничка“, пишува во пораката, пренесува Techradar.
Меѓутоа, оваа порака се уште не е истакната на официјалната PlayStation страница, но бројните извори истакнуваат дека на големо се планира правилото еден купувач – една конзола.
Сепак, за оние кои сакаат повеќе конзоли ова правило не би требало да биде голема работа. Имено, PS директната малопродажна продавница е само една од ваквите продавници и ништо не може да ве спречи да нарачате втор PS5 на друго место.
Иако веќе се зборува за нарачките на нова конзола, Sony се уште не извести за официјалниот датум кога PS5 ќе биде достапен за нарачки. Можно е дека оваа информација, заедно со информацијата за цената на конзолата, ќе биде откриена на настанот на Sony во август за кој кружат бројни гласини.
Поврзани артикли