OnePlus и натаму објавува тизери со детали за својот OnePlus Nord телефон, кој ќе биде претставен на 21. јули. Овој пат, компанијата има убави вести за оние корисници кои не сакаат премногу преинсталирани апликации.
Според наводите, OnePlus Nord ќе ги користи Google апликациите за телефон и Messages наместо сопствените. Кинеската компанија не објави конкретна причина поради што се одлучила на овој потег, истакнувајќи само дека Google апликациите овозможуваат најфлуидно искуство.
Кога се во прашање сировите перформанси, тие не би требало да бидат проблем за OnePlus Nord, кој ќе користи Snapdragon 765G чипсет, кој лесно поддржува повици и текстуални пораки.