Apple Watch 5 се покажа како одличен уред за здравје и фитнес, но претстојниот Apple Watch 6 би требало да биде далеку подобар. Според првите гласини, новиот часовник на американскиот техно гигант ќе биде идеален за љубителите на јога.

Ваквите најави се темелат на патентот кој Apple неодамна го одобри, а ког го воочи Patently Apple. Насловен како „потрошувачка на енергија и брзина на отчукување на срцето за јога“, патентот детално ги опишува методите на прецизно следење на состојбата на корисникот во текот на практикување на јога, јавува Tech Radar.

Интригантно е дека патентот споменува и исчитување на температурата на телото за корисниците да проценат дали е вистинско време за јога.

Да потсетиме дека Apple Watch веќе ги следи корисниците кои практикуваат јога, но системот сега ќе биде унапреден во многу работи.

Меѓутоа, моментните модели на Apple Watch не можат да ја очитуваат температурата на вашето тело, како што би требало Apple Watch 6.

Сепак, Tech Radar напоменува дека не мора да значи дека најавениот патент некогаш ќе го здогледа светлото на денот. Меѓутоа, со оглед дека е одобрен блиску до лансирање на моделот Apple Watch 6 и watchOS 7 во септември оваа година, можно е дека корисниците на новиот модел на паметниот часовник на Apple ќе уживаат во овие функции. Тоа посебно ќе им се допадна на љубителите на јога.