Ни 8K резолуцијата се уште не е заживеана, а компанијата Blackmagic Design веќе се подготвува за следниот чекор. Ја претставија Ursa Mini Pro 12K видео камерата, која е прва на светот која е способна да снима во 12K резолуција со 60 fps. Камерата поседува сензор од 80 MP со резолуција од 12.288 x 6480 пиксели. Покрај основната резолуција, камерата може да снима во 8K резолуција (110 fps) и 4K резолцуија (220 fps). Компанијата четири години го развивала овој сензор кој поседува еднаков број црвени, зелени и сини пиксели.
Се поставува прашањето кому денес би можела да му затреба ваква камера? Првенствено на филмските студија, на кои ќе им овозможи да ги креираат најквалитетни можни видео снимки. Поголемата резолуција им овозможува на родителите поголема флексибилност во пост-продукција, со што ќе се добијат попрецизни детали на сцените во 4K или 8K резолуција.
Покрај импресивниот сензор, оваа камера донесува и опции како што се изменливи леќи или dual UHS-II SD слотови. Уште една корисна опција е снимање во Blackmagic RAW формат, што обезбеди 12К снимката да може да се едитира на секој компјутер.
Цената на Ursa Mini Pro 12K камерата е 9.995 долари. Иако тоа делува скапо, земете во обзир дека класичните филмски камери можат да чинат многу повеќе од тоа. Од тој аспект, оваа цена е повеќе од коректна, земајќи ја во предвид резолуцијата и можностите што ги донесува.