Microsoft објави дека престанува со производство на Xbox One X и Xbox One S Digital Edition конзолите. Тоа ќе биде направено со цел во производните погони да се направи место за новата конзола Xbox Series X. Моделот Xbox One S и натаму ќе се произведува и продава глобално.

Секако, ова не значи дека One X и One S Digital конзолите преку ноќ ќе исчезнат од продавниците. Нив и натаму ги има во дуќаните и на залиха, па во некој следен период се уште ќе бидат достапни за купување.

Можеби делува нелогично што компанијата се одлучи да го прекине производството на својот најмоќен модел One X, но кога малку ќе се размисли, тоа секако има смисла. Играчите кои го бараат најбрзиот хардвер, најверојатно ќе се стрпат уште неколку месеци за да ја купат Series X конзола, додека на потенцијални купувачите на One S Digital Edititon ќе им биде на располагање во облик на One S конзолите.