Судејќи според се, Facebook се подготвува да лансира музички видео стриминг на својата платформа. Сервисот за почеток ќе биде достапен во САД, а замислен е како директен конкурент на YouTube.
Сопствениците на страниците кои се поврзани со изведувачите нема да мораат да ги аплоадираат или линкуваат видео снимките. Наместо тоа, ќе биде на располагање нова опција во подесувањата, со која ќе можат да му дадат на Facebook право да додаваат видеа на нивните страници, каде фановите ќе можат да ги гледаат во видео табот.
На изведувачите им се препорачува до 1. август да ја активираат оваа опција. Ако не го направат тоа, Facebook потоа ќе креира официјална музичка страница во нивно име, која ќе се вика „[името на уметникот] Official Music“. Таквите страници ќе ги контролира Facebook и ќе им бидат достапни на фановите преку Facebook Watch таб.
Уметниите кои имале договори со најголемите американски издавачки куќи претходно не смееле да ги делат своите видео снимки, бидејќи клаузулите во договорите тоа не им го дозволуваа. Според тие договори, беше дозволен приказ само на кратки инсерти од видео спотовите.
Поврзани артикли