Google неодамна објави дека ќе го интегрира својот Meet сервис за видео конференции со Gmail апликацијата, што наиде на одредени критики. Изгледа дека имплементацијата на Meet табот претставуваше само почеток на трансформацијата.
Програмерот Тахин Рахман ги откри слајдовите од претстојниот Cloud Next ’20 настан на Google, кои покажуваат дека команијата планира Gmail апликацијата и сајтот да ги претвори во продуктивен хаб, со вградени Meet, Chat, Docs и Rooms сервисите.
За Gmail на мобилните уреди, редизајнот означува претставување на долни табови, кои овозможуваат префрање помеѓу четири секции: Mail, Chat, Rooms и Meet. Mail претставува регуларна секција за управување со електронската пошта; Chat овозможува инстант разговори со соработниците; Rooms го донесува искуствоти на групни разговори; Meets овозможува пристап до видео конференциите.
Споменатите секции ќе стигнат и на Gmail веб апликацијата, но ќе бидат сместени во sidebar, каде се лесно видливи и достапни. Еден од скриншотовите покажува дека ќе биде можна соработка на документите директно од Gmail, давајќи им пристап на разговорите, видео-конференциите и Google Docs, а се во рамките на истата веб апликација.
Не е познато дали оваа верзија на Google продуктивните алатки ќе стигнат во потрошувачката верзија на Gmail, со оглед на тоа дека функциите се јасно насочени кон претпријатијата.
Поврзани артикли