Шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, најави нови санкции против компанијата „Хуавеј“, на што официјален Пекинг го повика американскиот амбасадор.

Помпео исто така најави дека ќе ја посети Велика Британија, која еден ден претходно најави дека целосно ќе му ја отстрани целата опрема на овој кинески телекомуникациски гигант од својата 5Г-мрежа.

„Стејт департментот повторно ќе воведе визно ограничување за некои вработени во кинеската телекомуникациска компанија, како што е ‘Хуавеј’, бидејќи тие снабдуваат режими со опрема што ги кршат човековите права во светот“, рекол американскиот државен секретар.

На најавата за нови американски санкции официјален Пекинг повика американскиот амбасадор за да му врачи протестна нота против санкциите што САД ги донесоа како одговор на репресијата на Пекинг над автономното подрачје на Хонгконг.