Урбаното замјоделство никогаш не ќе може да го замени традиционалното земјоделско производство, но овозможува локално одгледување на култури, ги намалува трошоците за превоз и ја дополнува понудата на овошје и зеленчук. Јагоди, домати, салати, ароматични билки – сето тоа од оваа пролет се одгледува во срцето на Париз, на покривот на новиот павилјон 6 на парискиот саем Parc des Expositions, чија фасада е дело на архитектот Жан Нувел. Здружението Nature Urbaine, одлучило да ги поттикне граѓаните на конзумација на локално одгледувано квалитетно овошје и зеленчук, без користење пестициди и без штетно влијание врз животната средина. Токму на покривот од овој павилјон е сместена најголемата урбана фарма во Европа, која претендира и за насловот „најголема на светот“.

Таму, во висечките садови, се одгледуваат домати, а во педантни редови се одгледуваат јагоди и разни салати. Оваа урбана фарма е посебна бидеји не содржи ниту грам земја. Сите потребни хранливи материи се испорачуваат низ системот за наводнување, кој е компјутерски управуван. Исто така, не се користат никакви хемикалии, односно пестидици.