Најсветлата комета во последните седум години овие денови поминува покрај Земјата и може да се види со голо око во раните утрински часови и на небото над Македонија.
Кометата позната како Неовајс која ја откри НАСА на почетокот од месецот март годинава, а која е оддалечена 138 милиони километри од Земјата, би можела да стане толку светла да биде видлива со голо око, наведуваат астрономите.
Астрономот Мајкл Матиацо изјави дека постои 70 отсто можност кометата да го преживее перихелион – точката во орбитата астероиди или комети кога е најблиску до Сонцето.
Кометата ќе дојде најблиску до Земјата на 23 јули, кога сѐ уште ќе биде оддалечена 103 милиони километри. Иако е 400 пати помала од Месечината, таа не мора да се набљудува со телескоп или двоглед благодарение на својот голем сјај, што ја прави еден од ретките вселенски феномени во овој век. Научниците тврдат дека кометата е долга пет километри.
Останати причини кои би можеле да го попрепачат набљудувањето на Неовајс се временските услови, локацијата и фактот дека кометите се најсјајни кога ќе се приближат до Сонцето, што значи дека се најсјајни на зајдисонце и во зора.