Колективен имунитет на Ковид-19 не може да биде постигнат без вакцинирање на децата и младите луѓе, предупреди денеска германското Здружение за имунолози.

„Колективен имунитет се стекнува кога се заштитени од 60 до 70 проценти од граѓаните. Тоа значи дека вирусот не може да се размножува кај овие луѓе. Но, кај Ковид-19 е нешто поразлично, бидејќи луѓето можат да го пренесат вирусот, иако тие самите не се болни, биле вакцинирани и биле асимптоматски“, истакна заменик-претседателот на Здружението, Рајнхолд Форстер.

Тој додаде дека ситуацијата со делта сојот е влошена, бидејќи тој е позаразен и повеќе ги погодува младитге луѓе и децата.

„Додека не се вакцинира оваа група, нема да добиеме колективен имунитет“, посочи Ферстер.