Google постави нови услови за користење на You Tube каналите за сите што креираат видео содржини и ги објавуваат на овој, дефинитивно најпопуларен социјален канал.

Во секцијата под наслов „Суспензија и прекин на профилот“ во делот за поднасловите, кој се однесува на условите што може да предизвикаат укинување на вашиот канал, експлицитно се наведува дека You Tube може да го укине пристапот до вашиот канал или пристапот преку вашата сметка на Google до сите делови од You Tube сервисот, доколку не сте комерцијално исплатливи.

Со други зборови, ако не му се исплатите на Google, компанијата нема да ги троши своите ресурси џабе да му го заземате местото на серверите и драгоцениот простор на дисковите. Ако вашата видео содржина не заработува пари, Google може да ве избрише од својата платформ. Новите услови стапуваат на сила на 10 декември!