Експанзивната алатка за креирање игри за PlayStation 4 добива VR поддршка. Развојното студио Media Molecule објави на официјалниот блог на PlayStation дека PlayStation VR компатибилноста ќе пристигне како дел од бесплатната исправка подоцна во текот на месецот.
Со ажурирањето и поддршката за VR, пристигнуваат и нови туторијали како се креираат VR содржини, а пристигнуваат и нови игри кои се подготвени за играње. Внесена е флексибилност во интерфејсот: VR искуствата можат да се креираат во PSVR слушалките, но и надвор од нив, а PlayStation Move контролерите не се обврзни. Меѓутоа, со нив ќе биде вистинска уметност да се креираат нови содржини.
Би требало новото ажурирање да придонесе за лесно откривање на нови VR искуства. Креаторите ќе можат да одредат дали нивната содржина е компатибилна со VR или не. Ажурирањето за Dreams “Inside the Box” ќе биде објавено на 22. јули. Овие денови денфинитивно многу се работи на PlayStation, но и на платформите околу оваа конзола, за корисничкото искуство да се подигне на едно повисоко ниво.