Ширум светот светулките со своите тела ја осветлуваат ноќта, но научниците сега предупредуваат дека нивната „магија“ е загрозена и дека иднините генерации можеби никогаш нема да имаат можност да трчаат во дворот по овие мали суштества.

Главната причина поради која се намалува бројот на припадниците на некои видови е загуба на популацијата, а светулките се загрозени бидејќи им се потребни посебни услови за да го исполнат својот животен циклус, тврдат научниците од Универзитетот Тафтс во Масачусетс, кои го спровеле истражувањето, пренесуваат медиумите.

На пример, на еден вид на светулки од Малезија, познати по синхронизираното светење, потребни им се мангрови шуми за да се размножуваат во ова подрачје, но тука се засадени плантажи со палми.

Научниците биле изненадени кога откриле дека светлината исто така е причина за изумирањето на светулките. Вештачкото светло кое потекнува од уличните светла, светлечките реклами и светлото кое се шири од прозорците на станбените згради, делува погубно за нив.

„Освен што им го нарушува природниот биоритам, вештачкото светло влијае на на нивните ритуали во текот на парењето”, нагласува Авалон Овенс, еден од ко-авторите на истражувањето.

Повеќето светулки се потпираат на биолуминисценцијата – хемиската реакција на нивното тело која им овозможува со своето светло да го привлечат партнерот, а големата количина на вештачко светло го нарушува овој процес.

Професорот по биологија, Дејв Гоулсон од Универзитетот во Сасекс, истакнува дека пестицидите се една од главните причини што има се помалку светулки. Научниците инаку откриле и дека во тек е “тивка апокалипса” во светот на инсектите, бодејќи веќе 41 процент од нив се наоѓаат пред истребување.

Во Јапонија, Тајван и Малезија веќе долго време излетите на кои се набљудуваат светулки привлекуваат се повеќе туристи. Масовните туристички тури покрај реката во близина една мангрова шума во Тајланд, доведува до рушење на стеблата и ерозија на речните корита, што дополнително ги уништува природните живеалишта на овие светлечки суштества.

Извор: Kurir.rs