Во рок од 5 години, 80 отсто од вкупната популација на Ацтеките – 15 милиони луѓе, биле збришани поради епидемија наречена „cocoliztli“, што значи помор.

Во 1545 година катастрофа ги зафатила Ацтеките кога луѓето почнале да се разболуваат со трески, главоболки и крварење од очите, устата и носот. Смртта следувала по само три до четири дена.

Во период од 5 години умреле најмалку 15 милиони луѓе, а причината за поморот е тема на истражување во последните 500 години.

Научниците во понеделникот дошле до откритие дека причина за смртта на Ацтеките била тифуидна треска предизвикана од салмонела, за која што биле пронајдени докази во ДНК од забите на жртвите.

– Поморот е една од епидемиите кои што го зафатиле тој регион од светот по доаѓањето на Европјаните, но е најверојатно најсмртоносната епидемија, изјави Ашилд Вагене од Универзитетот во Туебинген во Германија.

– Причината за епидемијата беше прашање кое што ги мачеше историчарите неколку века, а сега конечно може да понудиме доказ преку ДНК собрана од жртвите, вели тој.

Оваа епидемија е една од најсмртоносните во историјата, приближувајќи за на Црната чума, која што уби 25 милиони луѓе во западна Европа во 14 век, речиси половина од населението.

Епидемијата во Централна Америка ја рашириле Европјаните, а причина за високата смрттност е недостигот на имунитет кај локалното население на новите болести.

„Cocoliztli“ следела само 2 децении по епидемијата на мали сипаници која убила помеѓу 5 и 8 милиони луѓе на тероториите кои сега се Мексико и Гватемала.

Анализирајќи ја ДНК од 29 скелети, научниците откриле траги на салмонела, што е причина за етерична треска, на која припаѓа и тифуидот.

Салмонелата во Мексико се проширила преку инфицирана храна и вода, а во тој регион од светот стигнала преку домашните животни кои Шпанците го носеле со себе.