Откако се појавија CAD рендери за Samsung Galaxy Tab S7 (на фотографијата), сега на Geekbench се појавија главните спецификации за Galaxy Tab S7+ модел. Претставувањето на двата таблет уреда се очекува во јули или август.

Galaxy Tab S7+ со ознака на модел SM-T976B користи Android 10 софтвер и има 6GB RAM. Можно е дека ќе постојат и други опции за меморија, но останува тоа да биде потврдено.

Бенчмарк базата ја прикажува и матичната плоча за таблетот со ознака kona, која му одговара на Snapdragon 865 чипсетот. Ова им одговара на претходните гласини за тоа дека таблетот ќе го покренува најмоќниот чипсет на Qualcomm.

Geekbench не ги открива другите спецификации за Galaxy Tab S7+, но претходните гласини сугерираа дека таблетот ќе има 12-инчен 120Hz дисплеј, 9800mAh батерија и поддршка за 5G конекција.