Во текот на минатогодишниот MWC конгрес во Барселона, Lenovo го прикажа ThinkVision M14 преносниот дисплеј. Во прашање беше тенок и лесен монитор, креиран да ја прошири површината на екранот, но немаше тачскрин поддршка.
Сега Lenovo најави верзија со екран осетлив на допир во форма на ThinkVision M14t моделот. Мониторот има 14-инчен Full HD екран, поддржува 4096 нивоа на притисок кога се користи пенкалцето за белешки или скицирање.
Мониторот може да се користи во панорамски и портрет мод, а има и поддршка за автоматско ротирање на дисплејот. Екранот има сталак што се подесува, а тежината му е само 698 грама.
ThinkVision M14t користи TÜV Rheinland Low Blue Light технологија, која помага при заморувањето на очите, а тука е и поддршката за осветлување од 300 нита. USB Type-C портовите овозможуваат поврзување на мониторот на компатибилните уреди, како и за пренос на податоци.
Lenovo ThinkVision M14t ќе се најде во продажба од септември, по основна цена од 449 долари.
Поврзани артикли