Кинеската компанија Кловер Биофармацјутикалс Инк доби 66 милиони долари од Коалицијата за иновативна подготвеност на епидемии (ЦЕПИ), која е составена и финансирана од влади и филантропски здруженија, за да го охрабри откривањето на вакцина за Ковид-19.
Во април, ЦЕПИ и даде на таа кинеска компанија почетни 3,5 милиони американски долари, по најавеното партнерство меѓу двете страни.
ЦЕПИ е основана во Осло во 2017 година како одговор на новите епидемии. Организацијата е поддржана од 14 влади и разни фондации, како што се Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс или британскиот Велком траст.
ЦЕПИ, исто така, инвестираше големи суми пари во други фармацевтски компании кои работат на вакцина на Кковид-19, вклучувајќи ги и Иновио Фармасјутикалс, Модерна Инк и Новавакс Инк.
Поврзани артикли