Нови протечени информации за Samsung Galaxy Watch 3 паметниот часовник ни пристигнуваат од популарниот дојавувач Evan Blass (@evleaks). Овој пат се работи за детали за сите верзии во кои ќе се појави претстојниот носечки уред.
Новите информации сугерираат дека Galaxy Watch 3 од 45mm ќе има вкупно пет варијанти. Црната верзија ќе биде понудена во црно титаниумско куќиште (само Bluetooth варијантата), додека верзијата од нерѓосувачки челик (Bluetooth и LTE верзиите) ќе бидат достапни Silver и Black верзии. Црниот модел од нерѓосувачки челик ќе биде достапен само за поскапата LTE верзија на часовникот.
Galaxy Watch 3 од 41mm ќе има верзија од челик во Silver и Bronze/Gold. Двете опции на бои ќе имаат и Bluetooth и LTE конфигурации.
Кога се во прашање цените, @evleaks истакнува дека тие ќе се движат помеѓу 400 и 600 долари. Веројатно е дека LTE и титаниум моделите ќе чинат најмногу, додека 41mm и Bluetooth моделите ќе имаат пониски цени.