Samsung сè уште не го претстави својот нов 5G смартфон на преклоп, но на интернет се појавија првите фотографии коишто откриваат како ќе изгледа овој уред.
Кинеските медиуми објавија две фотографии и неколку спецификации за претстојниот модел.
Новиот Z Flip ќе добие Qualcomm Snapdragon 855 Plus процесор. Ќе поседува 8 GB RAM меморија, а капацитетот на батеријата ќе изнесува 2.500 mAh.
Ќе бидат направени и мали промени на камерите, освен главната камера од 12 MP ќе има и ултраширока камера од 10 или 12 MP.
Засега не е познато кога ќе биде претставен Galaxy Z Flip 5G, но се очекува дека тоа ќе се случи наскоро, пишува The Verge.
Извор: Klix.ba