Според новите информации од изворниот код за iOS 14 Beta 1 верзијата, iPhone 12 серијата ќе има опција за снимање на 4K видеа до 240 FPS. Новиот формат така ќе и се придружи на актуелната опција на снимање 4K @120 FPS.

Извештајот со споменатите  информации го објавија PineLeaks и EverythingApplePro, со наводи дека опцијата на снимање во 4K @240 FPS веројатно ќе биде лимитирано на slow-motion, додека 4K @120 FPS ќе биде достапно за стандардно снимање видеа. Актуелната iPhone 11 серија може да снима 4К видео @60 FPS и slow-mo 240 FPS во 1080p резолуција.

Се очекува дека iPhone 12 серијата би можела да пристигне во дури пет варијанти, со две стандардни верзии, два Pro модела (сите со 5G поддршка) и еден LTE iPhone 12 модел.

Кога се во прашање камерите, гласините сугерираат дека поевтините iPhone 12 модели ќе имаат два сензора на задната страна, додека премиум уредите ќе имаат четири, од кои еден ќе биде Lidar скенер.