Видеото ќе генерира 82 проценти од интернет сообраќајот до 2021 година, покажува новата прогноза на „Cisco“. За споредба, во 2016 година на видео отпаѓале 73 проценти, пишува „Recode“.

Луѓето не само што гледаат повеќе видео онлајн, но тие гледаат и видео со подобар квалитет, што бара подобра брзина на интернет конекција. А оние кои претпочитаат платена телевизија или алтернативен интернет за гледање на содржините, генерираат два пати повеќе интернет сообраќај од оние кои се уште плаќаат за традиционална телевизија според „Cisco“.

Побарувачка има за сите видови на интернет видеа вклучувајќи содржина по барање, како „Netflix“, гледајќи во камери и традиционалните телевизиски опции достапни на интернет (IP VOD).

Видеото во живо се очекува да биде најбрзо растечки сегмент на интернет видеото, благодарение на новите предлози како „Facebook Live“ и емитувањето во живо на спортски настани на „Twitter“, како и предлозите на играчи како „AT&T“, „YouTube“ и „Hulu“.

Се очекува видеото во живо да порасне до близу 25 милијарди гигабајти, или околу 13 проценти од интернет видео сообраќајот до 2021 година. За споредба, минатата година тој бил 16 милијарди гигабајти, или 3 одсто од видео сообраќајот.