Ворен Бафет, американски милијардер и инвестициски гуру, во неодамнешното интервју за CNBC рекол дека доаѓа уште една пандемија, која би можела да биде полоша пандемијата на Ковид-19.

Уверен е дека и покрај тоа што пандемијата е совладана, светот не е подготвен да се носи со вонредната состојба. Уште повеќе го загрижуваат економските последици од Ковид-19, кои најмногу ги погодиле малите претприемачи.

“Милион мали претприемачи се ужасно погодени”, рекол тој.

Од друга страна, големите компании се прилично добро, што значи дека економското влијание е многу невоедначено, додава Бафет.

Во март минатата година пандемијата затворила многу врати во економијата. Илјадници мали претпријатија биле принудно затворени. Во меѓувреме, трговците и големите интернет продавници ги преземале купувачите. Минатата година донела најголем пад на американскиот БДП од 1946-та година.

“Уште не е готово”, рекол Бафет.

Во главно го загрижува непредвидливоста, но иако ситуацијата, посебно на почетокот на пандемијата, била многу неизвесна, за повеќето луѓе и компании испаднала подобра од што се очекувало.

Добар пример е автомобилската индустрија која има рекордни профити. Чарли Мангер, потпретседател на “Беркшир Хатавеј” и долгогодишен партнер на Бафет, рекол дека автомобилскиот сектор остварил успеси кои немало да ги оствари без пандемија.

Славниот милијардер признал во интервјуто дека и самиот минувал низ моменти на финансиска неизвесност бидејќи не знаел што ќе се случи со авио-компаниите во негова сопственост.

“Сите знаеме дека постои нуклеарна, хемиска, биолошка и сајбер закана и дека општеството не е подготвено да се носи со неа. Следува пандемија каква што не сме виделе”, заклучува Бафет.