Една од водечките апликации за размена на пораки и бесплатна комуникација во светот, компанијата Rakuten Viber соопшти дека ги прекинува сите деловни односи со Facebook.

– Злоупотреба на кориснички податоци и  неможноста да се спротиставиме на насилната реторика на Facebook, ги преминаа сите мерки, поради што Вибер презема соодветни мерки, како на пример  суспендирање на закупот на рекламен простор и отстранување на сите точки на контакт од неговата платформа за да заштити повеќе од милијарда од нејзините корисници, пишува во соопштението.

Главниот извшен директор на Viber, Џамел Агауа изјави дека Facebook продолжува да ја толкува својата улога на погрешен начин во современиот свет.

„Компанијата што се карактеризира со несовесен став кон податоците на корисниците и недостаток на приватност во своите апликации, а сега и шокантен недостаток на неопходни мерки за заштита на јавноста од насилен говор што го загрозува општествениот поредок и мирот. Не дека ние сме толкувачи на вистината, но вистината е дека многу луѓе доживеале непријатности од неограниченото ширење на насилна содржина, а компаниите едноставно треба јасно да се спротивстават на овој феномен“, истакна Агауа.

Активностите што ќе резултираат со отстранување на точките за контакт со Facebook од апликацијата Viber, ќе бидат завршени до почетокот на јули 2020 година, додека закупот за рекламен простор на Facebook веднаш ќе биде отстранет, пишува во соопштението.