Пред околу две недели се појавија извештаи кои сугерираа дека Samsung планира објава на Galaxy S20 Lite моделот. Сега јужнокорејскиот медиум ETNews истакнува дека достапниот член на S20 серијата ќе биде претставен во октомври.
Се уште не е потврдено конкретното име на уредот, а новиот извештај го споменува како
Galaxy S20 Pen Edition, што сугерира поддршка за S-Pen паметно пенкалце и сличност со Galaxy Note серијата. Други извори споменуваат дека телефонот би можел да го носи името S20 Fan Edition или едноставно би можел да се вика Galaxy S20 Lite.
Според претходните информации, телефонот ќе го има Samsung One UI 2.5 кориснички интерфејс, а се очекува дека ќе го покренува Snapdragon 865 чипсет. Остатокот од спецификациите е непознат.
Новиот извештај споменува и дека сите смартфони на Samsung се очекуваат во втората половина од годината, па така Note20 серијата се очекува во август, додека Galaxy Fold 2 би требало да се појави подоцна во септември.
Поврзани артикли