Facebook објави дека е пуштена услугата која на корисниците ќе им овозможи видео-повик со 50 учесници.

Корисниците може да повикаат луѓе да се приклучат во Messenger-собите, вклучувајќи ги и оние кои немаа Facebook профил, и ќе бидат дел од групниот видео-повик во живо на било кој профил, интернет страна или група на платформа, велат од оваа друштвена мрежа.

Facebook посакува да земе дел од „колачот“ кај видеоконференциите кои поради пандемијата на коронавирусот станаа и тоа како популарни, а најпозната од нив е платформата Zoom.

И други технолошки компании претставија слични услуги со цел да ги привлечат корисниците, па така Google им дозволи на корисниците да организираат видеоконференции на Meet.

Од Facebook истакнаа дека услугата на почетоко ќе биде воведена само во некои земји на нивната плаформа и на интернет Messenger и дека наскоро услугата ќе биде проширена во сите земји во кои се достапни Messenger-собите.

Емитувањата во живо на Facebook двојно се зголемија во јуни во споредба со една година претходно и токму поради порастот на таквите емитувања од март кога во некои земји беше воведен карантин и мерки за социјално дистанцирање со цел спречување на ширењето на коронавирусот.

Извор: Index.hr