Објавена е најновата верзија на Opera веб-прегледникот, која сега нуди побрза опција за делење на содржини во кратка форма со остатокот од светот – во sidebar-от е имплементиран Twitter.
Корисниците можат да му пристапат на главниот „feed“ за содржини, полето за пребарување и директните пораки без потреба да се отвора нов таб и да се покренува сајтот на Twitter или TweetDeck. Можно е да се додаде преку менито за подесување од страна.
Opera истакнува дека со овој потег станала првиот голем браузер кој има изворна Twitter интеграција. Пред ова, прегледникот го интегрира Instagram во sidebar, а корисниците од Opera можат директно да им пристапат и на Messenger, WhatsApp, Telegram и VKontakte сервисите.
Opera 69 пристигнува и со уште некои нови карактеристики: старата страница има нов виџет за време, а Opera истакнува дека е подобрен и Workspaces и опцијата за визуелно менување табови.