Olympus објави планови за тоа целосно да се повлече од пазарот на фото-апарати, а својата дивизија за фотографирање ќе ја продаде на инвестициски фонд. Japan Industrial Partners, компанијата која од Sony ја купи Vaio дивизијата, потпиша меморандум за разбирање, со кој Olympus ќе ја префрли својата дивизија и акции на споменатиот фонд.

Одделението за обработка на слики е само мал дел од бизнисот на Olympus, кој досега во голема мерка е фокусиран на производство на медицинска опрема, како што се ендоскопите. Генералниот директор на компанијата Јасуо Такеучи минатата година им навести на новинарите дека споменатото одделение може да се најде на листата на продажба, иако компанијата подоцна ги отфрли овие коментари.

Одделението на Olympus за обработка на фотографии, кое во последните децении се насочи на Micro Four Thirds форматот фото-апарати, во последните три години бележеше губитоци. Olympus и JIP планираат да потпишат конечен договор до крајот на септември, а работата би требало да биде заклучен кон крајот на годината. Финансиските услови на купување се уште не се објавени.