Со месеци на Интернет се шпекулира дека Google работи на својот прв паметен часовник. Се очекува да биде од брендот Pixel, а веќе беше соопштено дека часовникот веројатно ќе биде претставен во октомври, заедно со смартфоните Pixel 3 и Pixel 3 XL.

Според новите информации од популарниот Еван Блас, Google исто така подготвува и други хардверски изненадувања. Во прилог на двата паметни телефони и паметни часовници, оваа есен веројатно ќе биде претставена и новата генерација на лаптопот Pixelbook, кој ќе има намалени рамки околу екранот.

За жал, нема конкретни информации за неговите спецификации, но продажбата на уредот треба да започне пред крајот на годината.