Како би можел да изгледа екстериерот на новата генерација Lada Granta 2021?
Според неофицијални податоци, за една до две години АвтоВАЗ ќе претстави нова генерација Lada Granta. Автомобилот ќе биде проектиран на платформата Global Access (поранешна В0). Сајтот Лада.Онлайн во соработка со дизајнерите изнесе претпоставка како би можел да изгледа екстериерот на новата генерација Lada Granta 2021. Проектот го реализираше независниот дизајнер Иван Десјатниченко.
View this post on InstagramA post shared by Лада.Онлайн (@lada.online) on
Кон крајот на 2019 година извори од фабриката соопштија дека инженерите направиле прелиминарен модел на новата генерација „Гранта“ во пластелин и 3D-анимација. Може да се претпостави дека основата на каросеријата ќе биде преземена од моделот Renault Logan. Со самото тоа, новата „Гранта“ ќе биде поголема според габаритите од сегашниот модел.
При изработката на скицата во предвид е земен ИКС-стилот на компанијата кој АвтоВАЗ денес го форсира кај сите свои модели (прикажана е варијанта со вдлабнувања на бочните страни и без нив). А идејата со фаровите е позајмена од концептот Lada XCODE кој 2016 година беше претставен на Московскиот меѓународен саем на автомобили.
Извор: Russia Beyond